„Пандевци“ ги почнаа подготовките во Анталија (ФОТО)

Фудбалерите на Академија Пандев од денеска ја стартуваа втората фаза од подготовките за пролетниот дел од шампионатот, во турскиот туристички центар Анталија.

Тимот на Панче Стојанов го одработи и првиот тренинг во својата нова база, пред да стартуваат и планираните пријателски натпревари.

Првиот тест дуел е планиран за утре од 14:30 часот по македонско време, против лидерот во Втората лига на Русија, екипата на Јенисеј.

Се вчитува...