Паника во Бруклин: Харден се повреди, не се знае колку ќе отсуствува (ВИДЕО)

По победата од 120-108 над Хјустон, составот на Бруклин се искачи на првата позиција на „Истокот“ со скор од 33 победи 15 порази, но убедливата победа на тексашкиот тим ќе остане во сенка на повредата на најдобриот кошаркар на „црно-белите“, Џејмс Харден.

Супер-ѕвездата на Бруклин мораше да го напушти теренот во последната четвртина и не се врати во игра до самиот крај. Првичните информации велат дека станува збор за повреда на задната ложа, но сериозноста на поведата останува непозната.

„Секој пат кога некој ќе се повреди осеќаме голема загриженост. Кога знаеме дека некој нема да игра, дефинитивно мораме да имаме менталитет кој ќе не води до настап на високо ниво“, изјави Кајри Ирвинг по мечот.

Се вчитува...