Најдобриот кошаркар на Денвер, Никола Јокиќ поради повреда би можел да го пропушти дерби натпреварот против Оклахома. Поради повреда на грбот, Србинот е ставен на листата на играчи чиј настап е неизвесен.
Неговиот Денвер го чека дуел со Оклахома во среда кон четврток во 2 часот по македонско време. Тоа ќе биде и дерби на Западот.
Јокиќ на минатиот меч против Оклахома запиша трипл-дабкл. Во големиот триумф, Јокиќ дојде до 25 поени, 16 скока и 12 асистенции. Навивачите на Денвер се надеваат дека Јокиќ ќе се рехабилитира навреме и дека ќе биде дел од екипата на дербито.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА