Паника во Милвоки: Адетокумбо се повреди

Грчкиот кошаркар и прва ѕвезда во Милвоки, Јанис Адетокумбо се повреди на мечот против Бостон на домашен терен.

Милвоки успеа да победи со 104-91, а кошаркарот се повреди на крајот на третиот период, и предвреме го заврши мечот. Станува збор за повреда на левата потколеница. Го напушти теренот со болен израз на лицето, а Милвоки би можел да има проблеми во финишот од регуларниот дел.

Адетокумбо на овој меч постигна 15 поени, со осум скока и седум асистенции.

По триумфот над Бостон, Милвоки е втор на Истокот со 48 победи и 31 порази, додека Бостон е недопирлив со биланс од 62-17.

Се вчитува...