Паоло Дибала не мрда од Рома

Паоло Дибала и во новата сезона ќе биде дел од Рома. За аргентинскиот репрезентативец постоеше интерес од Челси, но фудбалерот на „волчицата“ ги одби шпекулациите.

При пристигнувањето на аеродромот во Рим во пресрет одбележувањето на почетокот новата сезона 29-годишниот Аргентинец изјави дека останува во клубот.

„Среќен сум што сум во Рома се разбира. Дали останувам тука? Да, утре ги започнуваме подготовките“, изјави Дибала.

Дибала ја засили Рома како слободен играч во 2022 година и во првата сезона одигра 38 натпревари на кои постигна 18 голови и забележа осум асистенции.

Се вчитува...