Паоло Малдини треба да го спасува италијанскиот фудбал

Италијанската фудбалска федерација одлучи да спроведе темелна реорганизација на системот на репрезентациите по период на исклучително слаби резултати, а клучната улога во тој процес му ја довери на еден од најголемите великани на италијанскиот фудбал, Паоло Малдини.

Како што пишува „Ла Газета дело Спорт“, поранешниот капитен на Милан и на италијанската репрезентација ја прифати понудата на претседателот на Федерацијата, Џовани Малаго, и потпиша четиригодишен договор. Малдини ќе ја извршува функцијата технички директор и претседател на проектот „Клуб Италија“, специјално креирана позиција што ќе му овозможи да го надгледува развојот на националниот тим, од младинските селекции до сениорскиот состав, вклучително и учество во изборот на нов селектор.

Во овој проект ќе му се придружи и Леонардо, неговиот долгогодишен соиграч и поранешен соработник од Милан, кој ќе ја има улогата на советник. Двајцата веќе успешно соработуваа во раководството на славниот италијански клуб, а сега ќе се обидат да ја вратат италијанската репрезентација во светскиот врв.

Една од првите задачи на новото раководство ќе биде именувањето селектор кој ќе ги предводи „аѕурите“ во новиот циклус. Антонио Конте и Роберто Манчини веќе подолго време се спомнуваат како главни кандидати, а италијанските медиуми наведуваат дека враќањето на Манчини е најверојатното сценарио во моментов.

Се вчитува...