Папу Гомез: Луѓе умираат, а вие лажните спортисти се шетате, имате ли памет?

Фудбалерот на Аталанта, Папу Гомез, остро ги критикуваше сите луѓе кои се однесуваат неодговорно во текот на пандемијата од коронавирусот. Италијанскиот град Бергамо е еден од најзагрозените градови во светот. Поради тоа владата воведе ригорозни мерки и во голем број на градови во Италија не постои јавниот живот. Сепак, се уште постојат луѓе кои не се држат до правилата и се главни виновници за проширување на ковид-19.

„Порака до сите спортисти или лажни спортисти кои сакаат да излезат надвор и да тренираат, останете дома. Имате ли памет? Доста, доста, доста. Секое утро се будам со ужасни вести, луѓе умираат, а вас како да ви е гајле за тоа. Идете сите дома, никој не треба да излегува“, напиша Гомез. 

Од коронавирусот во Италија само во последните два дена умреа повеќе од 850 луѓе.

Се вчитува...