Парехо со проектил ја потопи „својата“ Валенсија (видео)

Дани Парехо беше херој во најновиот триумф на Вилјареал, славејќи над неговиот поранешен клуб Валенсија со 2-1. Шпанскиот плејмејкер беше долгогодишен капитен на „лилјаците“, но летово беше избркан од клубот и како слободен играч се пресели во Вилјареал, каде експресно се наметна како лидер на „жолтата подморница“.

Пако Алкасер на самиот почеток го доведе Вилјареал во водство со прецизно изведен пенал, а готите израмнија преку Гуедеш. Вилјареал се мачеше да го најде патот до мрежата се додека работите во свои раце не ги презеде Парехо, кој со извонреден удар од работ на шеснаесетникот ги донесе трите бода на Вилјареал.

Се вчитува...