Париз замената за Сплитер ја најде во Чешка

Најпријатното изненадување во Евролигата, екипата на Париз за која настапува и македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс во новата сезона ќе биде предводена од нов стратег откако клупата ќе ја напушти Тијаго Сплитер, поранешниот славен бразилски кошаркар, а денеска успешен тренер кој направи своевидна „револуција“ во најсилното европско кошаркарско првенство.

Интересот за ангажман на Сплитер не доаѓа само од Европа, тој е на добар пат да се врати во НБА каде во минатото ја вршеше улогата на помошен терен. Париз нема долго да чека за наоѓање на негова смена бидејќи истата е веќе најдена и тоа во Чешка.

Станува збор за италијанскиот тренер Франческо Табелини кој со успех го предводи Нимбург на домашната сцена и во интернационалните натпреварувња, две години по ред пласирајќи се во четвртфиналето на ФИБА Еврокупот, односно Лигата на Шампиони.

Стилот на кошарка кој го негува овој стратег се соодветнува со играта која ја практикуваше Париз оваа сезона па тој е кандидат број еден за превземање на евролигашот кој се очекува да претрпи големи промени ова лето со оглед на тоа што само еден кошаркар е под договор за 2026 година.

Се вчитува...