Паризан гази на терен, а тренерот е бесен: Кој не знае да навива за тимот, нека не доаѓа на стадион

Партизан импресивно ја стартуваше новата сезона, бележејќи четири победи во првите четири кола со импресивна гол разлика од 14 постигнати и само еден примен гол. За жал, вчерашниот убедлив триумф од 1-4 на гостувањето против Нови Пазар остана во сенка на инцидентите поради политичкото скандирање на навивачите на „црно-белите“, поради што натпреварот триесетина минути беше во прекин.

Тренерот Александар Станојевиќ е меѓу најзаслужните за добрите игри, но младиот стручњак јасно стави до знаење дека воопшто не го одобрува односот на дел од навивачката група „гробари“ и скандирањаа што можат да се слушнат од приврзаниците на „црно-белите“

„Не паметам подобра атмосфера од онаа пред почетокот на мечот. А потоа, кога стартуваа возбудувањата на теренот, се се промени. Се прашувам дали фудбалот овде се игра поради момците на терен или само за да се испратат одредени пораки. Излегува дека не навиваме за клубовите што ги сакаме, туку само испраќаме пропагандни пароли. Не можам да верувам дека ова се случува во 21. век, тоа е скандалозно. Ако го сакаш својот клуб, навивај за него. Ако сакаш други работи, воопшто не доаѓај на стадион, оди на места на кои тие пораки се нормална работа. Ако сакате викајте и по мене, барајте да си одам, но доста ја мешате политиката со спортот“, изјави Станојевиќ за „Моцарт спорт“.

Се вчитува...