Парма ангажираше ветеран меѓу диреците, нивниот прв голман ќе паузира поради скршеница

Италијанскиот калчолигаш Парма го потпиша 38-годишниот голман Висенте Гуаита. Договорот е доп крајот на сезоната, односно со важност до 30 јуни 2026 година.

Претходно, главниот голман на тимот, Зајон Сузуки, ја скрши раката , поради што ќе отсуствува 3-4 месеци, па Парма мораше да бара друго решение.

Гуаита ги помина последните две сезони во Селта Виго. Во текот на својата кариера, тој играше и за Кристал Палас, Валенсија и Хетафе.

Се вчитува...