Парма подобра од Удинезе, Кулушевски стрелаше, Несторовски заигра во финишот

Парма го совлада Удинезе со 2-0 и се искачи на седмата позиција на табелата во Серија А со 31 бод. Првиот гол беше дело на Рикардо Гаџоло во 19.минута, а триумфот го потврди Дејан Кулушевски во 34.минута. Илија Несторовски доби шанса во последните петнаесетина минути во дресот на Удинезе.

Верона беше убедлива против Лече и славеше со 3-0, а без голови одиграа Сампдорија и Сасуоло.

Се вчитува...