Парма се врати во елитата – и веднаш евро-гол (видео)

Парма долги години беше при врвот на италијанскиот фудбал, но недомаќинското работење го стори своето, па овој клуб пред три сезони беше принуден да прогласи банкрот.

Го изоде потешкиот пат, но Парма од вечерва повторно е дел од елитното друштво, а камбекот во „Серија А“ го прослави со прекрасен погодок. Роберто Инглезе е стрелецот на голот со кој „Енио Тардини“ вечерва експлодираше од воодушевување, за водство од 1-0 против екипата на Удинезе.

Се вчитува...