Парондо: Брест нема да го добиеме само со едно добро полувреме

ЕКИПА во Брест,

Катерина Павлова Николовска

Шефот на стручниот штаб на Вардар, Роберто Парондо, им порача на своите избраници дека е недозволиво да дојде до посериозен пад во играта за време на утрешното полуфинале со Мешков Брест. Според Шпанецот, Вардар може до место во големото финале на СЕХА само со максимална ангажираност во текот на сите 60 минути.

„Не можам да кажам кој е фаворит, но она што го знам е дека ќе биде многу тежок натпревар. Мешков Брест има силна екипа, која ги прави особено незгодни кога играат на домашен терен. На реваншот со Загреб во саботата одигравме само едно добро полувреме, не смееме да си дозволиме тоа да ни се повтори. Мораме да играме максимално во сите 60 минути, само со едно полувреме добра игра не се победува ривал како Мешков. Мое мислење е дека ако играме како што знаеме ќе победиме, но и противникот исто така ќе стори се за да дојде до триумф“ – истакнува Парондо.

Се вчитува...