Парондо: Може да кажам само едно – момци горд сум на вас!

Сосема очекувано, тренерот на Вардар, Роберто Парондо не го криеше задоволството од начинот на кој неговите ракометари го одиграа првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите и убедливата победа на гостувањето против Загреб.

Затоа, Парондо по мечот единствено кратко сакаше да испрати само директна порака до своите ракометари…

„Нема што многу да објаснувам. Може да кажам само едно – им благодарам на играчите и навистина горд сум на сите нив. Одиграа одличен натпревар со кој се заврши поголемиот дел од задачата. Знаевме што не очекува во Загреб и затоа добро се подготвивме. Се што се договоривме момците го одиграа перфектно и на крајот следеше еден ваков резултат“ – истакна Парондо.

Се вчитува...