Парондо од Унгарија: Знам дека не чека пекол, но ние ја знаеме и нашата цел!

Стратегот на Вардар, Роберто Парондо многу добро знае за атмосферата која ги чека „вардарци“ на денешната реванш пресметка од четвртфиналето во Лигата на шампионите против ПИК Сегед. Парондо во својата ракометна кариера три години беше дел од унгарскиот тим па и тоа како е запознаен со френетичната домашна публика која ќе биде огромна поддршка за Унгарците.

„ПИК Сегед отсекогаш ги имал едни од најдобрите навивачи во Унгарија. И јас многу добро знам што не очекува вечерва во Унгарија. Но, одличната атмосфера на трибините верувам ќе биде голем мотив и за моите ракометари кои се добро подготвени за се што не очекува. Ние си ја знаеме нашата цел за која допатувавме тука а тоа секако е пласман на Фајнлфор завршницата од Лигата на шампионите во Келн“ – вели Парондо во изјава за унгарските медиуми пред денешниот дуел.

„Вардарци“ не ги залажува ниту убедливата победа од 31-23 од првиот натпревар…

„Не го гледаме натпреварот од првиот меч. Сега ќе биде сосема поразличен натпревар и ние почнуваме од нула“ – вели Парондо.

Реванш натпреварот од четвртфиналето во Лигата на шампионите меѓу ПИК Сегед и Вардар денеска во Унгарија се игра од 19 часот. Местото на Ф4 турнирот во Келн вчера си го обезбедија Веспрем и Барселона.

Се вчитува...