Парондо: Ова се ракометари – херои… Многу проблеми го мачеа клубот, но не дозволивме да не скршат!

Стратегот на Вардар, Роберто Гарсија Парондо е, без сомнение, еден од најзаслужните за извонредните резултати на македонскиот тим и оваа сезона во Лигата на шампионите.

Парондо не можеше да ги сокрие емоциите по големата победа над ПИК Сегед во „Јане Сандански“ отворајќи се и за сите проблеми со кои се мачеа и мачат ракометарите и стручниот штаб сезонава… Но, и наспроти нив Вардар повторно е на чекор од Ф4 турнирот во Келн.

„Нема да биде никаква новост ако кажам повторно дека горд сум на овие играчи. Ова се ракометари – херои. Имавме мал милион проблеми оваа сезонава, постојано се соочуваме со несакани работи и некогаш воопшто не можеме да мислиме само на ракометот. Но сето тоа го надминавме на најдобар можен начин. Ова се вистински професионалци и не дозволија ништо да ги скрши. Го одиграа феноменално последниот натпревар пред оваа публика, па на крај се надевам дека и ќе дојдеме до планираната цел – пласман на Ф4 турнирот во Келн“ – вели Парондо.

Се вчитува...