Парондо: Овој пораз не е лош, секако сме пласирани на Ф4

Стратегот на Вардар, Роберто Гарсија Парондо, смета дека заморот е главна причина за слабото издание на својот тим и поразот на домашен терен од Брест Мешков. Според него, напорниот дуел со Монпелје оставил трага врз иданието на неговиот тим, а дополнително опуштање во таборот на „вардарци“ донел фактот дека овој натпревар немал преголемо резултатско значење за „црвено-црните“.

„Овој пораз и не е толку лош, бидејќи ние секако бевме пласирани на Ф4 турнирот од СЕХА-лигата. Противникот повеќе ја посакуваше победата бидејќи му беше максимално потребна, а ние не одигравме како што знаеме. Тешко е да се играат два меча во низа со ист ритам, со идентичен приод како против Монпелје. Сега треба да се фокусираме кон наредните натпревари, кои ќе бидат многу важни во следниот период“ – изјави Парондо.

Вардар во следното коло од СЕХА-лигата ќе му гостува на Нексе, директна пресметка за освојување на првото место.

 

Се вчитува...