Парондо против Каденас, дуел на две генерации шпански тренери

ЕКИПА во Брест,

Катерина Павлова Николовска

Со нивните екипи ќе се соочат во битка за место во финалето на Ф4 турнрот во СЕХА лигата. Роберто Гарсија Парондо на клупата на Вардар, бранителот на регионалниот трон, а Маноло Каденас како предводник на Мешков Брест, домаќинот кој се надева дека конечно, на домашен терен ќе дојде до трофејот.

А почнаа како учител и ученик, Каденс му беше тренер на Парондо во Адемар Леон, а потоа и селектор во шпанската репрезентација. Двајцата се потврда на големата успешност на шпанските тренери во европскиот ракомет. Согласни се дека нема голема тајна околу тоа како Шпанците како тренери ја освоија Европа. Потенцираат дека успехот лежи во работата и љубовта кон ракометот. Раскажуваат дека се во одлични релации, си ги познаваат и семејствата, но токму најголемата пасија, го носи на спортивните страни на ракометниот терен.

„Секогаш е полесно кога се игра на домашен терен и ова навистина ќе биде голема предност за Брест. Сепак иако се соочуваме со домаќинот, се надевам дека добро ќе сија  завршиме работата и дека ќе одиме во финалето. Двата тима се силни, имаат искуство во Лигата на шампионите, а и двете екипи се изморени по осминафиналето во елитното натпреварување. Еднакво сме изморени, влегуваме од иста позиција и сметам дека нема голем фаворит“ – вели Парондо во пресрет на натпреварот.

Каденс се согласува дека домашниот терен е предност.

„Времето за подготовка беше кратко и за двете екипи. Од психолошки и од физичка аспект, Вардар има предност бидејќи имаше еден ден повеќе за одмор од напорите во Лигата на шампионите. Особено што Вардар и помина во четвртфиналето, а ние бевме елиминирани од Фленсбург. Сепак, ќе има силна борба, а мислам дека Вардар е фаворит“ – потенцира Каденас.

Вардар и Мешков Брест ќе се сретната во втората половина од полуфиналната програма која ќе ја отворат Загреб и Нексе.

Се вчитува...