Парондо: Сакаме пак да играме на Ф4 во Келн

Шефот на стручниот штаб на Вардар, Роберто Парондо, е оптимист дека неговите ракометари ќе стигнат до победа на следниот дуел од Лигата на шампионите, на домашен терен против Пик Сегед.

Сакаме да играме на Ф4 во Келн, а за да го оствариме тоа мораме да славиме над Пик Сегед. Против себе имаме сериозен тим, што го покажа во текот на целата сезона. Сепак, нашиот тим работеше одлично, верувам дека нашите играчи ќе одиграат најдобро што можат“ – изјави Парондо на денешната прес-конференција.

Првиот натпревар меѓу Вардар и Пик Сегед на програмата е в четврток со почеток во 20 часот, а реваншот во Унгарија ќе се играс на 5 мај.

Се вчитува...