Парондо: Третпат во Келн, но ова е најслаткиот!

Тренерот на Вардар, Роберто Гарсија Парондо по мечот во Сегед не го криеше задоволството од пласманот на Ф4 турнирот во Келн по третпат едноподруго. Но, како што вели Парондо сигурно и најслаткото за тимот…

„Мора да бидеме презадоволни. Ова е навистина голема работа и од срце им честитам на момците за извонредно одиграното второ полувреме. Во првото полувреме одигравме навистина лошо. Но, во соблекувалната по тие први 30 минути се погледнавме меѓу себе и знаевме дека не можеме да одиграме повторно така лошо. Ова е победа за сите наши навивачи за Македонија. Третпат едноподруго ќе бидеме во Келн, но ако се знае за целокупната ситуација во клубот изминатава сезона сигурно ова е најслаткото“ – изјави Парондо по дуелот во Унгарија.

Се вчитува...