Партизан без тренер – Мирковиќ си поднесе оставка

Партизан ќе мора да бара нов тренер за да ја доврши сезонава откако Зоран Мирковиќ вечерва си поднесе оставка од функцијата шеф на стручниот штаб, соопштија српските медиуми. „Црно-белите“ ремизираа за големото дерби со Црвена звезда, но потоа следеше домашниот пораз од Раднички Ниш надополнет со денешниот неуспех на дуелот со Вождовац (1-0).

По овој пораз Мирковиќ соопшти дека е „неопходна шок терапија за неговиот тим“, по што вечерва пристигнува и информацијата за поднесената оставка од страна на поранешниот фудбалер на „црно-белите“ од Белград.

Мирковиќ дојде на клупата на Партизан на 4 август, наследувајќи го Мирослав Ѓукиќ. Тој не само што ја загуби трката за титулата, туку и битката за второто место на табелата, со оглед на фактот дека Партизан во моментов заостанува дури 14 бодови зад Раднички Ниш.

Се вчитува...