Партизан џентлменски: Пријатели од Цибона и од Динамо со сето срце сме со вас

Во серијата пораки со поддршка за сите жители на Загреб, по денешниот земјотрес, порака и од големиот спортски ривал на Цибона, КК Партизан.

„Со мислите сме заедно со нашите спортски пријатели и големи ривали! Останете безбедни!“ – напишаа од Партизан.

 

Во земјотресот со јачина од 5,5 степени според Рихтер се повредени 17 лица од Загреб, а едно 15-годишно девојче се бори за својот живот.

Се вчитува...