Партизан доби фантастични вести од Шпанија: Капитенот повторно ќе носи „црно-бело“?

Кошаркарскиот клуб Партизан се чини дека го доби првото летно засилување судејќи по последната изјава на спортскиот директор на Басконија, Феликс Фернандез. Правејќи осврт на сезоната во која шпанскиот еворлигаш по повеќе од деценија нема да се најде во плеј-офот на шпанското првенство говореше и за заминувањата од клубот, а еден од оние кои нема да бидат дел од тимот следната сезона е Вања Маринковиќ.

Бекот шутер заминува од Басконија, а очекувањата се дека ќе се врати назад во Партизан од каде и ја започна сениорската кариера. Сега 27-годишникот настапуваше за „црно-белите“ од 2013 до 2019 година освојувајќи три трофеи. Маринковиќ беше и најмладиот капитен во историјата на Партизан со 17 години и 9 месеци.

Покрај Маринковиќ во Белград се очекуваат уште неколку звучни засилувања престојното лето, но за истите да пристигнат во главниот град на Србија големо значење ќе имаат и клупските амбиции, односно дали Партизан ќе настапува во Евролигата.

Се вчитува...