Партизан, по синоќешната победа над Будуќност и со 3-1 во финалната серија, по осми пат ја освои титулата во АБА лигата.
На тој начин, црно-белите повторно се издвоија на врвот на табелата по бројот на освоени титули, сега со осум трофеи, еден повеќе од Црвена Звезда.
Од оваа година, Партизан повторно е рекордер во АБА лигата, со осма титула во историјата, а втора за три години. Патем, ова е 50-годишниот трофеј во богатата историја на Партизан.
А, за МВП на лигата беше прогласен центарот на црно-белите Тајрик Џоунс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА