Партизан ги губи играчите: Ледеј заминува во Макаби

После освоената титула во АБА лигата, Партизан не успева да ги задржи своите најдобри играчи. Кевин Пантер е пред трансфер во Барселона, Матијас Лесор потпиша за Панатиниакос, а големи се шансите од екипата да замине и Зек Ледеј.

Ледеј е „мета“ на Макаби Тел Авив, и израелскиот тим подготвува понуда за крилниот центар. Макаби прави силен тим со кој ќе се врати на славните шампионски патеки, кога оваа екипа редовно играше на Ф4.

Во минатата евролигашка сезона Ледеј на 39 меча постигна во просек 11,4 поени по натпревар, и 5,1 скок.

Со него „егзодусот“ во Партизан продолжува, а во следните денови уште неколку кошаркари ќе си заминат од клубот од Белград.

Се вчитува...