Партизан и Црвена Звезда и следната сезона во Евролигата

Изгледот на Евролигата нема да претрпи промени за наредната сезона, што би значело дека и двата АБА-лигаши Партизан и Црвена Звезда и во наредниот шампионат ќе бидат дел од елитното европско натпреварување. Вообичаено АБА-лигата има едно загарантирано место во Евролигата, Партизан сезонава доби вајлд-карта за настап, но одличниот впечаток што го оставија двата клуба да се максимално сериозни за останување во елитното друштво.

Првиот човек на Евролигата, Дејан Бодигора, најави дека најдоцна во текот на следниот месец ќе бидат објавени имињата на сите клубови учесници за сезоната 2023/24, но специјализираниот портал „Еурохупс“ обелодени дека сите тимови кои сезонава настапуваат, и во новата сезона повторно ќе бидат дел од Евролигата.

Во прилог оди и фактот дека Гран Канарија како освојувач на Еврокупот и има место во Евролигата, не сака да го зголеми буџетот за да се натпреварува со најсилните тимови во Европа. Од целата ситуација би профитирале српските клубови, но и шпанска Валенсија, која беше најблиску до преселба назад во Еврокупот, откако сезонава доби вајлд-карта, но не ги оправда очекувањата.

„Бидејќи Гран Канарија веќе подолго време размислува околу учеството во Евролигата и нема експанзија, најголеми се шансите дека составот на екипи ќе биде идентичен како и сезонава. По се изгледа, во Валенсија ќе имаат причина за задоволство“, пишува „Еурохупс“.

Се вчитува...