Партизан прокоцка огромна предност за пораз во продолжение од Олимпијакос (ВИДЕО)

Партизан имаше огромна предност во регуларниот дел од мечот на гостувањето против Олимпијакос во Атина во четвртиот натпревар од Евролигата, но дозволи очаен последен период и пресврт на Грците до продолжение (85-85), а потоа во продолжението и пораз од 98-94.

По главно израмнетото прво полувреме, со неверојатна серија од 5-26 Партизан во финишот на третиот период од играта дојде до 54-67, сето тоа за убава предност на влезот од последната четвртина.

Но, во последната четвртина неразбирливо огромен пад во играта на црно-белите, па Олимпијакос со серија од 23-10 на две минути до крајот дојде до 79-79. Следеше тројка на Ален Смаилагиќ на 100 секунди до крајот за предност на Партизан од 79-82. Но, домашните потоа со четири слободни фрлања на Папаниколау и Ларенцакис дојде до 83-82. Во следниот напад Кевин Пантер на смешен начин ја „продаде“ топката на домашните кои дојдоа на шест секунди пред крајот и до 85-82. За да во последниот напад Нанали постигне тројка со звукот на сирената и израмни на 85-85 и продолжение во Атина…

A, во продолжението Олимпијакос далеку поконцентриран за сосема заслужена победа на крајот од 98-94.

Најефикасен во победничкиот тим беше Ларенцакис со 19 поени, а српскиот репрезентативец Милутинов заврши со 16 поени, додека кај Партизан Ледеј беше најдобар со 18 постигнати поени.

Жалгирис триумфираше убедливо со 82-99 на гостувањето против Басконија, а Реал Мадрид пред своите навивачи немаше проблеми против Милано победувајќи со 88-71.

Се вчитува...