Со специјална покана од ЕХФ, ракометарите на Партизан и официјално ќе играат во Лигата на шампионите идната сезона. Клубот на социјалните мрежи ја сподели оваа радостна вест.
Екипата од Белград објави пред да објави ЕХФ, а неофицијално дознаваме дека и нашиот првак Вардар повторно ќе биде дел од Лигата на шампионите.
„На-на, на-на, Лига на шампиони, Лига на шампиони“, напишаа „црно-белите“ на официјалните профили на социјалните мрежи.
ЕХФ комплетниот список на учесници треба да го обелодени во понеделник. На него многу веројатно ќе се најде и Вардар. Како што е познато, ЛШ идната сезона од 16 екипи се проширува на 24.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
