Партизан се прости од Антиќ: Оваа љубов не престанува ниту со смртта

Европскиот фудбал вечерва тагува по Радомир Антиќ, откако српскиот стратег почина во Шпанија на 71-годишна возраст. Пораки во чест на трофејниот стручњак стигнуваат од сите страни, а меѓу најемотивните дефинитивно е онаа од Партизан, клубот во кој Антиќ настапуваше како фудбалер во периодот од 1968 до 1976 година.

Српскиот фудбалски гигант преку соопштение на официјалната веб-страница се прости од својата легенда:

„Само еден црно-бел човек ги водеше трите најголеми шпански клубови: Реал Мадрид, Барселона и Атлетико Мадрид.

Само еден црно-бел човек има внуци кои во копачки на Партизан трчаат по шпански терени. 

Само еден црно-бел човек беше и остана вистински Мистер.

Само еден човек од вечерва „ќе те бодри од онаа страна, Партизане“.

Со неговата смрт, таа љубов не запира.

Вечнаја памјат, Радомир Антиќ.

Се вчитува...