Партизан шокираше со изборот на нов тренер

Управата на Партизан долго тактизираше во изборот на наследник на Зоран Мирковиќ, за на крајот да донесе изненадувачки избор – Саво Милошевиќ е стратегот кој ќе го води белградскиот клуб до крајот на сезонава. Главен фаворит во трката беше Илија Столица, но откако тој не постигна договор со челниците на „црно-белите“ изборот падна врз поранешниот голгетер Милошевиќ, кој го прифати предизвикот.

Саво Милошевиќ никогаш досега не беше поврзуван со оваа функција, пред се поради фактот дека тој по завршувањето на играчката кариера се нема занимавано со тренерскиот „занает“. Претходно тој беше директор на репрезентацијата на Србија, а моментно е потпретседател на Фудбалската Феерација на Србија и член на Стручниот Одбор.

Помошник на Милошевиќ во стручниот штаб на Партизан ќе биде поранешниот српски селектор Радован Чурчиќ.

Се вчитува...