Партизан со бод се враќа од гостувањето во Белгија

Српскиот претставник во Конференциската лига, Партизан ремизираше со 1-1 на гостувањето во Белгија против Гент во 4. коло од третото по ранг натпреварување во Европа.

Откако мрежите мируваа во првото полувреме, „црно-белите“ поведоа со голот на Урошевиќ во 66. минута, а изедначување значајно бод за домашниот тим донесе Тисудали на десет минути пред крајот на регуларниот дел од натпреварот.

И покрај тоа што ги поделија бодовите, овие два тима остануваат на првите две позиции на табелата во групата „Б“, но за белграѓани да изборат директен плсман во осминафиналето ќе мораат да чекаат на кикс на белгискиот состав со Флора и Анортосис.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...