Партизан со пехар на „Маракана“ си ја спаси сезоната

Партизан играше многу слабо во текот на целата сезона, не само што остана без титула, туку го загуби и второто место од Раднички Ниш, но „црно-белите“ успеаја да си ја спасат сезоната со освоениот трофеј во Купот на Србија.

За задоволството да биде комплетно, трофејот е освоен на стадионот „Маракана“, и тоа во директен дуел со вечниот ривал Црвена звезда, во финалето што Партизан го доби со 1-0. Клучен момент беше 13. минута, кога Остојиќ го искористи несмасното истрчување на противничкиот голман и ја смести топката во мрежата.

Се вчитува...