Партизан стигна до титулата во Србија така што противникот не сакаше да се врати на терен!

Финалната серија од српскотоа ракометно првенство нема да остане во добро помнење на фановите, но на крајот ракометарите на Партизан се радуваа на титулата. Откако навивачите на Партизан го бојкотираа првиот натпревар, се појавија на вториот и по 15 минути и два топовски истрели, ги принудија играчите на двата тима да го напуштат паркетот, а повеќето од луѓето кои што дојдоа да го проследат мечот ја напуштија салата.

Паузата траеше повеќе од еден час, навивачите на Партизан не сакаа да ја напуштат салата, а никој не можеше дури ни да ги исфрли. По паузата, првата информација беше дека натпреварот ќе продолжи кога ќе се испразни делот од трибината каде што се наоѓаше група од околу 100 навивачи на Партизан.

Во моментот на паузата, на семафорот пишуваше 6-5 за Војводина. Условот за да продолжи играта беше навивачите на Партизан да ја напуштат салата. Она што беше навистина неверојатно беше фактот дека во салата немаше полиција или обезбедување… па навивачите на Партизан продолжија со песната.

Паузата траеше повеќе од еден час и веќе тогаш беше јасно дека Војводина нема да го продолжи натпреварот, ако навивачите на Партизан не ја напуштат салата, а тоа не им падна на памет, бидејќи никој не мораше да ги исфрли, и никој не им се обрати, дури ни ракометарите на Партизан.

Ракометните фанови од Нови Сад кои дојдоа да го гледаат натпреварот, претежно семејства на ракометари, ја напуштија салата. Ракометарите на Партизан се вратија на паркетот, ги поздравија навивачите, судиите исто така се вратија, но играчите на Војводина не бидејќи одлучија да не ја прифатат одлуката за продолжување на натпреварот, па Партизан ја одбрани титулата.

 

Се вчитува...