Партизан урна два АБА рекорди во победата над МЗТ Скопје од кој еден е стар 20 години

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром доживеа срамен пораз на гостувањето кај белградски Партизан од 120-67 во последниот натпревар од 15. коло (прво од вториот дел од сезоната) во регионалната АБА лига.

Српскиот великан на овој меч против шампионот на Македонија успеа да урне два АБА рекорди. Едниот се однесува на клупската статистика. Црно-белите до мечот со МЗТ постигнаа 117 поени, најмногу на еден натпревар. Тоа беше пред четири години против Игокеа. Во понеделникот тој рекорд падна, па новиот рекорд на Партизан по бројот на поени на натпревар од АБА лигата е 120.

Вториот рекорд се однесува на процентот на шут. Партизан погоди 41/55 што е 74,5 отсто. Претходниот рекорд во АБА лигата го држеше Цибона. Рекордот е стар речиси точно 20 години. Тогаш „цибосите“ шутираа 34/46, односно процентот беше само нешто помал од 74.

Се вчитува...