Партизан во игра „топло-ладно“ до прва победа против Будуќност во полуфиналето на АБА лигата

Партизан си ја обезбеди првата победа во полуфиналето на АБА лигата, откако во првиот полуфинален меч во Белград славеше против Будуќност со 78-67.

Составот на Жељко Обрадовиќ убедливо ја доби првата четвртина со 27-16 и потоа успеа да ја одржи предноста до крајот на мечот.

Партизан играше „топло-ладно“ на мечот дозволувајќи му на Будуќност да анулира предност и од +15 поени во финишот на натпреварот, и да дојде само до минус четири (69-65). Но, „црно-белите“ не дозволија целосен пресврт и на крај дојдоа до сосема заслужена победа.

Најефикасен кај Партизан беше Ледеј со 15 поени, а Камински заврши со 13 постигнати поени. Кај Будуќност се издвои Макунду со „дабл-дабл“ од 14 поени и 12 скока.

Пласман во финалето на АБА лигата ќе обезбеди оној тим кој прв ќе дојде до две победи.

Се вчитува...