Партизани Тирана со понуда за Агим Ибраими

Поранешниот македонски репрезентативец Агим Ибраими е на мета на албанскиот прволигаш Партизани Тирана, пренесува албанскиот „Панорамаспорт“.

Ибраими по крајот на сезоната се раздели со тетовска Шкендија, не можејќи двете страни да се договорат околу условите за продолжување на соработката.

Партизани Тирана сега го посакува во своите редови како слободен фудбалер. Меѓутоа, 31-годишниот Ибраими има понуди и од неколку западноевропски екипи, поради што останува отворена опцијата околу продолжувањето на кариерата.

Се вчитува...