Пасквал: Македонија беше подобра, баражот е решен…

Романија си оди поразена од Скопје, без надеж дека осумте гола разлика ќе може да ги надополни на реваншот на домашен тренерн во Клуж на 13 јуни. Селекторот на Романија, Чави Пасквал, по натпреварот спортски честиташе и призна дека Македонија ја заслужи победата која е најдобар одраз на разликата во кавлитетот меѓу двете репрезентации.

Честитки за Македонија, ја заслужија победата, беа подобри од нас. Во првите 2-3 минути успевавме да парираме, но тоа беше се. Ова е вистинската разлика меѓу двете репрезентации во моментов. Мислам дека баражот е веќе завршен. Се надевам дека ќе го поправиме впечатокот во реваншот на домапен терен и ќе се обидеме да победиме, бидејќи тоа ќе биде многу важно за нас, да победиме еден од најдобрите тимови во светот“ – истакна Чави Пасквал.

Со ваквата оценка се согласи и искусниот романски репрезентативец Валентин Јонеа. Романците се надвеаа дека ќе добијат шанса и ќе се обидат да се пласираат на СП, нешто што не им успеало уште од 2011 година. Но, по се изгледа ќе мора да почекаат на некоја друга шанса.

Честитки за тимот на Македонија. Во Скопје е тешко да се игра и да се победи. Македонија има добар тим, победникот беше решен уште во првото полувреме“ – рече Јонеа

Се вчитува...