Пастор и Парондо во вербална расправија на пресот: Ми кажа нешто што не е за спомнување!

Тренерот на ПИК Сегед, Хуан Карлос Пастор очигледно не знаеше спортски да го издржи поразот од Вардар во четвртфиналниот двомеч за пласман на Ф4 во Келн, па по денешниот дуел се „наоштри“ вербално и на својот поранешен ракометар, чиј тренер беше во Сегед, а сега предвоник на Вардар, Роберто Гарсија Парондо.

Пастор на прес-конференција очигледно беше лут на Вардар и Парондо истакнувајќи:

„Треба да се има достоинство кога се победува, а Вардар тоа го нема. Треба да бидете достоинствени“ – му порача Пастор и замина.

„Не заминувај, и јас сакам нешто да кажам на таа тема. Слушни ме“ – довикуваше Парондо на својот поранешен тренер кој, сепак, не го сослуша.

„Апсолутно не е точно дека сум се понел недостоинствено. Напротив, Пастор ми беше тренер и се однесувам со почит кон него. Тој во моментите на нервоза на терен ми кажа нешто кое не е за преведување. Но, се што се случило оставам да остане таму на паркетот а не сега тука да го изнесуваме“ – заврши Парондо на прес-конференцијата во Сегед.

Се вчитува...