Пастор: Не знам што се случи… Ова е невозможно да се стигне!

Тренерот на ПИК Сегед, Хуан Карлос Пастор беше тотално збунет на прес-конференцијата по убедливиот пораз (31-23) од Вардар во првиот четвртфинален меч од Лигата на шампионите. Пастор нагласи само дека триумфот на Вардар е сосема заслужен, а тие ќе се обидат да изненадат на реваншот во Сегед иако ќе биде многу тешко.

„Едноставно немам објаснување. Искрено, не знам што се случи во финишот. Имавме до некаде контрола на резултатот, но во последните десет минути се изгубивме. Вардар има огромна предност за реваншот која, да бидеме објективни, ќе биде многу тешко да се стигне. Но, секако тоа не значи дека однапред се предавеме. Ќе се обидеме да се мобилизираме и да го дадеме најдоброто од нас на домашен терен, иако веќе е јасно дека Вардар е многу блиску до Ф4 турнирот во Келн“ – истакна Пастор по мечот во „Јане Сандански“.

Се вчитува...