Пасторе оди на операција на колкот

Аргентинскиот интернационалец Хавиер Пасторе ќе го искористи летниот одмор за да ја санира повредата која го мачи подолг период. Тој заминува на операција на колкот со надеж дека ќе биде подготвен за стартот на новата сезона во Серија А. Во текот на денешниот ден, играчот за врска на Рома ќе легне „под нож“ кај проф. д-р Марк Теј во Барселона, а операцијата ќе биде извршена со артроскопска метода.

Првичните проценки се дека Пасторе ќе пропушти околу две седмици од почетокот на подготовките на Рома за новата сезона. Стартот на „волчицата“ е закажан за 27 август.

Се вчитува...