Пасторе: Сакам да останам на „Олимпико“, но Рома има сериозни долгови

Аргентинскиот интернационалец Хавиер Пасторе сериозно размислува дали да остане во редовите на Рома и следната сезона. Вели дека одлично се чувствува во дресот на „волчицата“, но загрижен е за финансиските детали затоа што клубот е во големи долгови.

„Сакам да останам во Рома, но мора да истакнам дека имам и сериозни дилеми. Пред се околу финансиските можности на клубот. Рома има големи долгови и секако дека ќе мораме да разговараме за тоа со раководството на клубот. Имам и неколку други понуди, од Кина, Јапонија, можност да се вратам во Аргентина, но и од Премиер – лигата. Знам дека се уште е рано да се вратам во Аргентина, каде секако би сакал да ја завршам кариерата“, изјави Хавиер Пасторе.

Аргентинецот во 2018 година пристигна во редовите на Рома, откако претходно седум сезони играше во Пари Сен Жермен. Тој во Италија беше дел и од Палермо во периодот од 2009 до 2011 година.

 

 

Се вчитува...