Пато станува газда на клуб од Англија

Независното регулаторно тело за фудбал и Англиската фудбалска лига (ЕФЛ) го одобрија планираното купување на мнозински удел во Нортемптон таун од страна на конзорциумот Спорт Алфа Капитал (САК) од кој дел е и поранешниот бразилски репрезентативец Алесандро Пато.

Засега не се објавени деталите за тоа колкав процент од акциите купил конзорциумот и за која сума, додека од англискиот тим соопштија дека изјави дека деталите за инвестицијата, структурата на сопственост и идентитетот на главните инвеститори ќе бидат познати откако ќе се заврши трансакцијата.

Пато, кој минатата година се пензионираше, најголем дел од кариерата го помина во Милан. Тој одигра 150 натпревари за италијанскиот клуб, постигнувајќи 63 гола, а во 2011 година со Росонерите го освои Скудетото.

Нортемптон се наоѓа во тешка спортска и финансиска ситуација, клубот испадна од англиската Лига 1, а пред неколку месеци пријави загуби во висина од три милиони фунти.

Се вчитува...