ПАТОТ ДО УСПЕХОТ НА ИВАН ГАЛЕВСКИ: „Секој ден патував од Битола до Струга – татко ми многу се жртвуваше за мене!“ (ВИДЕО)

Во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК гостуваат двајца од новите предводници на македонскиот ракомет, членовите на РК Алкалоид, Марко Митев и Иван Галевски.

Во крајно интересен разговор, но полн и многу емоции, Иван Галевски се потсетува на своите почетоци во ракометот, иако, како што нагласува, како хиперактивно дете ги пробал претходно и сите спортови што постојат кошарка, пливање, тенис, фудбал…

„Битола е ракометен град, а ракометот е може да кажам една наша фамилијарна традиција поради тоа што мојот татко исто беше голман.Тој ме поттикна, односно љубовта кон ракометот ми ја даде тој. Пред тоа тренирав пет години кошарка, до мојата десетта година. Бев хиперактивно дете и пред ракометот ги пробав сите спортови: пливање,тенис, кошарка. Сè што можеше да се проба – пробав, и се одлучив за ракометот во 2014 година. Инаку, јас сум левак, а добро е познато дека во ракометот тоа е дефицитарна позиција – десен бек. Веднаш ме ставија десен бек неколку тренинзи, но победи желбата да бидам голман“ – вели Галевски, опишувајќи го својот почетен ракометен пат.

„Почнав во Работник кај Александар Зарков и Иван Марковски. Тие беа моите први тренери. Тогаш застанав на голот и од тогаш сум на голманската позиција. После откако згасна Работник преминав во младинската екипа на Пелистер, каде што краток период ми беа Тренери Кире Поповски и ИгорНиколовски. Потоа дојде младинската екипа да ја води Александар Зарков и во 2018 година, на мои четиринаесет години преминав во КЛ 7 во Струга. Тоа беше мислам најважниот период за мојот развој поради тоа што ги поминав сите младински селекции. Тренер ми беше Јаковче Матлиески“.

Галевски вели дека во тој период секој ден патувал од Битола за Струга на тренинзи, за што огромна жртва носи неговиот татко на кого ќе му е вечно благодарен.

„Тогаш секој ден патував од Битола до Струга, со мојот татко секој ден. Голема жртва направи за мене, и можам да кажам дека мојата фамилија е мојата најголема поддршка. Се нафати да ме носи секој ден, што воопшто не е мала работа. Сфаќам дека тоа е една голема жртва и јас сум му многу благодарен за сè што направи за мене. А, во тој период двапати неделно плус тренирав и индивидуални тренинзи со Стевче Стефановски кој е заслужен исто така многу за сето тоа што сум денес…“ – вели популарниот Галец.

ГЛЕДАЈТЕ ГО ЦЕЛИОТ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“ СО МАРКО МИТЕВ И ИВАН ГАЛЕВСКИ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК

Се вчитува...