Патрик Виеира со прв тренерски ангажман во Европа

Патрик Виеира е подготвен за својот прв тренерски ангажман во Европа, и тоа како шеф на стручниот штаб на екипата на Ница. Поранешниот француски репрезентативец се враќа во татковината за да го наследи Лусијан Фавр (се пресели во Борусија Дортмунд), па Виеира пред камбекот во Франција денеска и официјално си поднесе оставка од функцијата тренер на Њујорк сити, каде работеше во последните две години.

„Сакам да им се заблагодарам на сите во клубот за укажаната шанса да бидам дел од овој фантастичен проект. Заминувањето од Њујорк е многу тешка одлука за мене и моето семејство, но чувствувам дека сега е вистински момент за враќање назад во Европа“ – изјави Виеира.

Поранешниот капитен на Арсенал беше споменуван и како еден од потенцијалните наследници на Арсен Венгер во лондонскиот клуб, „топчиите“ на крајот го избраа Унаи Емери, а Виеира од неколкуте понуди од Франција ја избра онаа на Ница, клуб кој за малку не обезбеди излез во фудбалска Европа.

Се вчитува...