„Пациенти“ на неделата: Тргнаа да го бодрат Ливерпул, но го утнаа градот

Двајца навивачи на Ливерпул без конкуренција се најголемите „пациенти“ за оваа недела во фудбалска Европа, откако поради една буква го промашија градот во кој требаше да го бодрат својот тим во Белгија.

„Црвените“ славеа во Генк со 1-4, но двајцата фанови наместо во овој град отпатуваа во Гент. Притоа, тие заглавиле во еден паб во Гент, а кога им станало јасно дека мечот се игра во Генк, а не во градот каде што се наоѓаат, веќе било доцна за да се стигне на натпреварот на нивните миленици.

За случката експресно дознале фановите на локалниот Гент, па двајцата навивачи добиле бесплатно сместување и билети за денешниот дуел од Лигата на Европа, во кој белгискиот тим ќе се сретне со Волфсбург.

Се вчитува...