Пау Гасол е се поблиску до своето деби за Барселона

Легендарниот шпански кошаркар Пау Гасол неодамна потпиша договор со Барселона. 40-годишниот центар одлучи да се врати на паркетот по двегодишна пауза и наскоро се очекува неговото деби за каталонскиот гигант. Гасол полека почнува да игра со остатокот од тимот. Тој учествува на тренинзите „пет на пет“ и прашање на време е кога ќе настапи на првиот натпревар за Барса.

Желбата на искусниот центар е да се избори за место во шпанската репрезентација на Олимписките игри, каде и сака да се збогува со репрезентацијата.

Гасол има играно за Мемфис, Лејкерс, Булс, Спарс и Бакс во својата богата кариера, која ја започна во Барселона. Инаку, тој е и двократен НБА шампион со тимот на ЛА Лејкерс.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pau (@paugasol)

Се вчитува...