Паулињо е џокерот – Барселона со пресврт до победа во Мадрид

Барселона со многу мака успеа да стигне до триумф на дуелот против Хетафе, надополнувајќи ја предноста на домаќините од 1-0 за конечен триумф од 1-2. Бразилецот Паулињо беше џокерот од клупата на тренерот Валверде, постигнувајќи го својот прв гол во дресот на каталонците за задржување на стопроцентниот ефект на својот тим.

Валверде се соочи со проблем откако Дембеле се повреди во првото полувреме, а нешто подоцна Хетафе поведе со евроголот на Јапонецот Шибасаки. Каталонците сепак се вратија во вториот дел, најпрвин со прекрасниот погодок на Денис Суарез, а потоа и со голот за победа на Паулињо.

All Goals & highlights HD – Getafe 1-2… by livgol

Се вчитува...