Паузата ќе трае уште долго: Барса се враќа на тренинзи дури за еден месец

Продолжението на фудбалските лиги ширум Европа е „мисловна именка“ во моментов, челниците на земјите од Западна Европа ги продолжуваат актите за вонредна состојба, а клубовите се уште не ни помислуваат на нови собири и почеток со заеднички тренинзи.

Првичните најави дека фудбалот ќе може да продолжи да се игра на почетокот од месец мај сега делуваат нереално, најдобар доказ за тоа се плановите на Барселона тренерот Сетиен воопшто да не ги собере фудбалерите до крајот на месец април. Поточно, 27 април е датумот што каталонскиот гигант го има зацртано како идеален за прв собир по паузата.

Коронавирусот се уште се шири во Шпанија, „пикот“ се очекува на почетокот од следниот месец, а дури и откако тој ќе мине тренерскиот тим ќе им подели индивидуални вежби на сите фудбалери одделно да работат на влегување во форма. Потоа, на 27 април би се одржал првиот тренинг во комплексот „Жоан Гампер“, со надеж дека сезоната би продолжила кон средината на мај.

Се вчитува...