Павловиќ: Дојдовме да победиме, но Вардар заслужува максимален респект

Српскиот напаѓач Андрија Павловиќ е еден од најголемите адути на ФК Копенхаген во нападот, а го покажа тоа на претходниот двомеч со словачкиот шампион Жилина. Тој од Чукарички се пресели во данскиот првак, и заедно со Сантандер и со Сотириу ќе биде главната опасност по голот на Вардар.

Данците имаат голем респект за тимот на Вардар и тоа го потенцираат во пресрет на утрешниот дуел (20 часот) на „Телеком арена“ во Скопје.

IMG_3760

„Вардар е одличен тим, што секако заслужува респект. Заслужено го елиминираа Малме, а ние ќе се обидеме да научиме од нивните грешки и ќе се трудиме да не ги повториме. Што се однесува до нашите цели, ние сакаме да влеземе во кремот на Европа и да бидеме дел од групната фаза од Лигата на шампионите. Но, ќе видиме дали ќе успееме во тоа, патот е навистина тежок. Пред нас сега стои Вардар и ние сме максимално фокусирани на овој дуел. Ние играме отворено, офанзивно, и таков ќе биде нашиот пристап и на следните натпревари со Вардар. Дојдовме да победиме, но тоа нема да зависи само од нас, туку и од Вардар. Очекувам тежок натпревар, временските услови исто така ќе бидат тешки, а се надевам дека теренот ќе биде добар, многу подобар од минатите мечеви што ги играше Малме“, истакна Андрија Павловиќ, напаѓачот на ФК Копенхаген, на прес – конференцијата во пресрет на утрешниот прв меч од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите.

Мечот меѓу Вардар и ФК Копенхаген е закажан за 20 часот, на „Телеком арена“ во Скопје.

Се вчитува...